Обезбедено од ОБСЕ (https://www.osce.org/secretariat/383829)

Ми требаат информации

За анкетата на ОБСЕ за Благосостојба и Безбедност на Жените

За што е извештајот?

Овој извештај ги претставува меѓу-регионалните, споредливи наоди од Анкетата предводена од ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените, што беше спроведена во 2018  година во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, Молдавија [1] и Украина [2]. Истражувањето беше спроведено и во Косово [3]

Анкетата на ОБСЕ беше спроведена со цел да обезбеди споредливи податоци за разни форми на насилство кои ги доживеале жените во детството или во текот на својот живот. Истражувањето го испитуваше насилството што го искусуваат жените во конфликтни или не-конфликтни ситуации, како и влијанието на насилството врз жените, вклучувајќи ги трајните последици. Прашањата за нормите и однесувањата поврзани за насилството над жените беа поставени за подобро да се разберат  основните причини за насилство.


Анкетата на ОБСЕ открива бројни трендови и наоди за застапеноста на насилството над жените и девојчињата, нивното влијание и социјални норми и стереотипи. Кои се главните наоди?

  • Седумдесет проценти од жените или приближно 16 милиони жени имаат искусено некоја форма на сексуално вознемирување, следење, сексуално насилство од партнерот или насилство од партнерот (вклучувајќи психолошко, физичко или сексуално насилство), до 15 годишна возраст
  • Четириесет и пет проценти од жените или приближно 10.2 милиони жени имаат искуство со сексуално вознемирување, вклучувајќи вознемирување преку интернет
  • Дваесет и три проценти од жените или приближно 4.9 милиони жени имаат искусено физичко и/или сексуално насилство од интимниот партнер
  • Осумнаесет проценти од жените или приближно 4.4 милиони жени искусиле физичко и/или сексуално насилство од страна на лице кое не и е партнер

Истражувањето покажува дека психолошкото насилство е најшироко распространета форма на насилство од интимниот партнер, каде 60 проценти од жените кои биле во врска доживеале ваква форма на насилство од партнерот.

Податоците од истражувањето сугерираат дека верувањето во женската потчинетост, брачната послушност и молчењето околу ВАВГ продолжуваат да опстојуваат во регионот и оние жени кои имаат вакви верувања поверојатно е да кажат дека искусиле насилство.

Клучни заклучоци

Врз основа на деталните наоди од истражувањето, ОБСЕ изготви заклучоци кои сугерираат начини на препознавање и одговор на насилство над жените. Овие заклучоци се донесени со Истанбулската Kонвенција и препораките од телата на ОН.

  • Степенот на насилство врз жените и девојчињата во областа опфатена со истражувањето повикува на засилени напори за спроведување на законодавството и подобрување на акционите планови кои ќе се однесуваат на сите форми на насилство што ги искусиле жените и девојчињата..
  • Истражувањето јасно покажува дека сите жени, без оглед на економскиот и социјалниот статус, може да доживеат насилство, но некои групи жени се поизложени на овој ризик. Тој ризик вклучува сиромашни, економски зависни или жени со деца.
  • Карактеристиките и однесувањето на сторителите треба да бидат земени в предвид како можни фактори на ризик кои придонесуваат за насилство од интимениот партнер.
  • Насилството има сериозни психички и физички влијанија и жените во истражуваните подрачја страдаат од здравствени проблеми како резултат на искусеното насилство.
  • Врз основа на собраните податоци, јасно е дека жените не пријавуваат сериозен број инциденти во полиција и ретко бараат поддршка од други институции.
  • Пречките за барање помош се вкоренети во однесувањата кои ги заќутуваат жените и ги штитат насилниците, но и во недостатокот на доверба на жените кај надлежните органи кои треба да им помогнат и да ги заштитат.
  • Собраните податоци покажуваат дека мнозинството жени не знаат што да прават доколку искусат насилство и дека не се свесни за локалните специјализирани организации кои ндат помош/
 

[1]          Транснестрискиот регион не беше вклучен во анкетата. Сепак, беше реализирана една дискусија со фокус група со жени од овој регион.

[2]          Примерокот од Украина не ја опфаќа Автономната Република Крим или области што не се контролирани од владата во регионите Донецк и Луханск. Истражувањето беше реализирано со претставнички на возрасна популација на жени (2.048 жени на возраст од 18 до 74 години), вклучувајќи 298 жени кои живеат близу до контактната линија во регионите Донецк и Луханск, во обид подобро да се разбере како конфликтот влијае на насилството против жените.

[3]          Сите референци на Косово, без оглед дали се на територијата, институциите или населението, во овој текст треба да бидат разбрани во целосна согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Како можат Држаните членки на ОБСЕ да ги искористат информациите од ова истражување?

  1. Информации за политиките, стратегиите и акционите планови на национално и локално ниво.
  • Користете ги податоците за развој и имплементација на национални стратегии и акциони планови, како што се националните планови за родова еднаквост, планови за борба против насилството врз жените и националните акциони планови на ООН 1325
  • Податоците од истражувањето содржат релевантни информации за широк спектар на министерства, вклучително и за социјална политика, правда, внатрешни работи, одбрана, здравство и образование.
  • Презентирајте и дискутирајте ги податоците во рамките на телата за координација и работните групи за родова еднаквост и борба против родово базирано насилство, како и во рамки на безбедносниот и одбранбениот сектор и вооружените сили, во парламентарните работни и пратенички групи.
  • Информации за родово одговорно буџетирање на општинско, провинциско и национално ниво.

 

  1. За мониторинг и известување за меѓународни обврски (доколку е применливо):
  • Извештаи до CEDAW комитетот
  • Пекиншка Платформа за Акција
  • Национални планови за акција на UNSCR 1325
  • Цели за одржлив развој (Цел 5 и Цел 16)
  • GREVIO/Истанбулска Конвенција
  • Европски показател за родова еднаквост
  • Побарувања за извештаи на НАТО

 

  1. Вклучете податоци и наоди од истражувањето во комуникацијата и активностите за подигање на свеста

 

  1. За понатамошни истражувања користете ги податоците од анкетата предводена од ОБСЕ
  • Анализирајте ги разликите во распространетоста, известувањето и влијанието на насилството врз жените на локално ниво и развијте специфични препораки на тоа ниво.

Фотографска банка, позирано од модел.

Portrait of a woman - purple tilt
Portrait of a woman - blue tilt
Portrait of a woman - yellow tilt
Portrait of a woman - red tilt
Portrait of a woman - teal tilt
Portrait of a woman - blue tilt
Portrait of a woman - purple tilt
Portrait of a woman - blue tilt
Portrait of a woman - yellow tilt
Portrait of a woman - red tilt
Portrait of a woman - teal tilt
Portrait of a woman - blue tilt
Portrait of a woman - purple tilt
Portrait of a woman - blue tilt
Portrait of a woman - yellow tilt
Portrait of a woman - red tilt