Сакам да помогнам
Истражувањето на ОБСЕ покажа дека оние жени што преживеале насилство најмногу сакаат и имаат потреба од морална поддршка. Доколку познавате некоја што искусила насилство, најважно нешто што можете да направите е да бидете таму за нив и да ги утешите. Ако тие се согласат или Ве прашаат, може да ги контактирате организациите за поддршка ПРИКАЖАНИ ТУКА. Не го правете тоа без согласност на жртвата!
Ако сте сведоци на акт на насилство, еве неколку работи што можете да ги направите како набљудувач (базирано на ЕУ препораки)
Зборувај!
- Прекинете ја ситуацијата со прашањето „Колку е часот?“ или „Каде е следната автобуска станица?"
- Одвлечете го сторителот со тоа што ќе му го одвлечете вниманието: „Крадец! Некој ми ја украде торбата!“ или „Оган! Оган!“
- Мобилизирај ги другите со привлекување на вниманието на ситуацијата „Еј, не мислите ли дека мажот не е во ред?“ или „На жената и е потребна поддршка – да помогнеме!“
Поддржете ја жртвата!
Обидете се да ја извлечете од ситуацијата со прашањето дали може да и помогнете со „Драго ми е што те гледам! Како си?“
Предизвикај го сторителот! |
Кажете му дека оваа акција не е прифатлива: „Ако не престанеш, ќе повикам полиција!“ или „Ова што го правиш е сексуално вознемирување и е противзаконско“
Секогаш земи ги во предвид околностите и контекстот и избери сигурна стратегија во одредена специфична ситуација
Сподели!
За да ја прекинеме тишината околу прашањето за насилството врз жените, ве молиме споделете ги информациите на оваа интернет страница:
- Содржината за социјалните мрежи е достапна на СИМНИ
- Дополнителни информации за прашањето може да се најдат на МИ ТРЕБААТ ИНФОРМАЦИИ